
Бананите се меѓу најчесто консумираните овошја, но и меѓу оние што луѓето ги складираат неправилно.
Ако сте навикнати да ги ставате во фрижидер веднаш откако ќе пристигнат од продавница, не сте сами.
Сепак, експертите предупредуваат дека оваа навика може да го расипе вкусот, текстурата и природниот процес на зреење на ова тропско овошје.
Зошто бананите не го сакаат фрижидерот?
- Ако ставите банана во фрижидер пред да созрее, може да се појави таканаречена повреда од ладење – објаснува д-р Тамика Симс, експерт за прехранбена технологија и виш директор за комуникации во Меѓународниот совет за информации за храна, во интервју за „Марта Стјуарт“.
Низните температури го прекинуваат природниот процес на зреење, што може да предизвика бананите да станат горчливи, да обезбојат и да останат незрели одвнатре, иако однадвор изгледаат темни. Затоа бананите никогаш не се чуваат во ладилници во продавниците.
Па, каде е идеалното место за бананите?
Најдоброто место за складирање на бананите додека не созреат е на кујнскиот пулт, на собна температура, подалеку од директна сончева светлина и извори на топлина. Тие треба да се чуваат на суво, добро проветрено место, или уште подобро, на решетка, за да се намали притисокот и модринките.
Исто така е важно да не се чуваат бананите премногу блиску до други овошја, како што се јаболка или домати, кои ослободуваат етилен, гас што го забрзува зреењето и може да предизвика нивно побрзо расипување.