
Совршен тен наутро, но размачкана јака до пладне… Во зима, пренесувањето шминка на облеките е кошмар.
За среќа, постои решение кое е толку едноставно и ефикасно што се прашуваме како не ни текнало порано.
Во видео туторијал кој стана вирален, креаторката на содржини Лаура Ленен, позната по своите „beauty“ рецензии, споделува одличен совет за тоа како да избегнете пренесување пудра врз облеката. Принципот е неверојатно едноставен.
Сè што треба да направите е да испрскате спреј за фиксирање шминка директно врз јаката од вашета јакна, палто или крзнено палто, да го оставите да се исуши, а потоа да се облечете нормално. Во претходно споменатото видео, креаторката користи спреј за фиксирање, но забележува дека овој трик функционира совршено без оглед на тоа каква пудра носите моментално.
Зошто ова функционира?
Спрејот за фиксирање создава тенок, невидлив филм кој спречува пигментите да се „залепат“ на ткаенината.
Со други зборови, тука не ја фиксираме шминката на кожата, туку ја третираме површината што доаѓа во контакт со неа, објавува Elle.