
Легендарниот американски актер Мајкл Китон е прогласен за Човек на годината за 2026 година од страна на „Hasty Pudding Theatricals“, театарска група на Универзитетот Харвард.
Трупата, која постои од 1844 година и се смета за трета најстара активна театарска група во светот, објави дека Китон ќе ја прими наградата „Pudding Pot“ на церемонија на 6 февруари.
Потоа тој ќе присуствува на 177-та продукција на „Хести Пудинг“, насловена како „Salooney Tunes“.
„Hasty Pudding Theatricals“ им оддава почит на поединци кои дале траен и импресивен придонес во светот на забавата.
Актерот номиниран за Оскар и добитник на Еми глумел во филмовите “Batman”, “Birdman”, “Beetlejuice” и “Spotlight”.
Неодамна, Китон режираше и глумеше во краткиот филм „Sweetwater“ и глумеше и беше извршен продуцент на осумделната мини-серија на Хулу „Dopesick“.
„Тој беше Бетмен, потоа Човек-птица, а сега, најважно од сè, е Човекот-пудинг! Китон не е странец во улогите на суперхерои, но да видиме дали „Pudding Pot“ му го дава тоа искуство. Едвај чекаме да го угостиме на 6 февруари. Дотогаш, не го кажувајте неговото име три пати“, рече продуцентката Елоиз Тунел.
Меѓу добитниците на титулата човек на годината беа: Клинт Иствуд, Том Хенкс, Роберт Де Ниро, Харисон Форд, Семјуел Л. Џексон и Рајан Рејнолдс. Минатата година, наградата му припадна на актерот Џон Хам.