
Таа учествуваше на настан како дел од кампања.
Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, учествуваше во уште една хуманитарна акција, но на прилично необичен начин. Првата дама на Франција присуствуваше на настан организиран во Дизниленд во близина на Париз, како дел од кампањата „Pièces Jaunes“, која собира средства за деца кои се лекуваат во болница.
Покрај Брижит, пристигна и тренерот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешан, а дојдоа и околу 300 деца да се забавуваат и да се дружат со познати гости.
@loulou.hrdd Brigitte Macron et Didier Deschamps à @Disneyland Paris ✨ pour les Pièces Jaunes !! #brigittemacron #deschamps #piecesjaunes #macron #disneylandparis ♬ Event Horizon (STEM percussion) – Altitude Music / BMGPM
Децата беа особено воодушевени од моментот кога Брижит застана зад диџејската кабина и ги покажа своите „вештини“, пуштајќи ја песната „Forever Young“ од бендот Alphaville. Макрон танцуваше, и судејќи според нејзиниот израз на лицето, таа се забавуваше одлично. Публиката танцуваше на хит песната, а видеото од тој момент стана вирално на социјалните мрежи.
Кампањата „Pièces Jaunes“ трае до 7 февруари, а собраните средства ќе бидат насочени кон подобрување на условите и квалитетот на живот на децата и адолесцентите кои се лекуваат во болницата.