
Ќе ви треба:
500 г спанаќ
2 чешниња лук
2 лажици брашно
2 лажици путер
300 мл млеко
сол и бибер
прстофат мускатно оревче
Подготовка:
Измијте го спанаќот, потоа исчистете го накратко и варете го во солена вода две до три минути. Потоа процедете го и исечкајте го ситно. Во тенџере на загреан путер пржете го ситно исечканиот лук. Потоа додадете го брашното и мешајте додека не се формира паста. Полека додадете го млекото, мешајќи постојано, и гответе додека не се згусне. Потоа додадете го исечканиот спанаќ, солта, биберот и мускатното оревче. Гответе го јадењето уште 5 до 10 минути на тивок оган.