Колку е важно да бидеш “папак”

popara19 август, 20111min00
romanticna vecera

Еден од пет мажи тврди дека барем еднаш во животот, искусил љубов на прв поглед, а некои од нив кажуваат дека после првиот состанок можат да ја препознаат жената на нивниот живот.

Новото истражување покажа  дека мажите можат да ја препознаат жената на нивниот живот само по првиот состанок. Понатаму, три четвртини после три состаноци потполно го даваат своето срце, додека тек една од десет жени признава дека искусила љубов на прв поглед, а тек после шест состаноци можат да утврдат дали го нашле она вистинското или не.

Професорот Александар Гордон, ценет психолог и член на Британското друштво на психолози, целосно се внесе во заклучоците на ова истажување кое покажа  дека меѓу половите постојат големи разлики ога е во прашање љубовта и заљубувањето. Според неговото мислење, машките работите ги согледуваат површно, додека жените веднаш размислуваат на целата ситуација и можната иднина.

“Жените се многу подобри во воочувањето на социјалната ситуација од гледиште да сами на себе си поставуваат неколку прашања, како и дали тој може да ме направи среќна и сигурна и дали ќе биде добар татко на моите деца. Жените се темелни кога е во прашање донесување одлука за иднината”- кажа професор Александар Гордон.

Ова истажување кое опфати  1500 машки и исто толку жени од 16 до 86 години, покажа дека мажите во текот на животот се заљубуваат три пати, а пак жените еднаш. Во склоп на тоа, мажите биле во врска повеќе пати со жени кои ги сакале повеќе отколку тие нив, а изгледа и машките први би го кажале “те сакам”.

На крај мажите и жените се сложија само со едно, а тоа е дека првата љубов била онаа која најтешко ја преболеле, а еден од четири испитаници рече дека и после раскинувањето мисли дека тоа во целост нема да помине.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma