
Брајан Кренстон во неодамнешно интервју за CQ откри дека се нашол во непријатна ситуација додека ја снимал серијата „Breaking Bad“ која ја памети долго време.
Имено, како што тврди Кренстон, тој побарал член на екипата да биде отпуштен поради несоодветно однесување на снимањето.
„Се однесуваше многу лошо, беше пијан и ги тераше луѓето на снимањето да се чувствуваат непријатно. Го замолив продуцентот да го отпушти. Тоа е непростливо однесување“, рече тој.
Серијата „Breaking Bad“ не беше доволно препознаена од публиката на почетокот, но подоцна, благодарение на препораките и улогата на Кренстон, прерасна во еден од најважните ТВ феномени на 21 век.
„Breaking Bad“ остана препознатлива како серија со креативна атмосфера. Во исто време, успехот на оваа серија доведе до континуирана соработка со „Better Call Saul“ каде што Кренстон се врати за последната сезона. Серијата „Breaking Bad“ моментално е достапна на Netflix.