
Доколку имате зголемени пори или сакате да ексфолирате и отстраните мртви клетки од кожата, оваа маска е токму за вас. Покрај тоа, таа ќе ѝ обезбеди на вашата кожа влажност и храна, што директно влијае на намалувањето на брчките на лицето.
За да ја подготвите, потребни ви се:
Половина чаша мед
Три лажици свежо исцеден сок од портокал
Една лажичка морска сол
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки додека не добиете густа смеса и маската е подготвена за употреба.
Нанесете на сува, чиста кожа и оставете да делува околу петнаесет минути, а потоа добро исплакнете со млака вода.
Како делува оваа маска на кожата?
Медот е богат со антиоксиданси и ја стимулира регенерацијата на ткивата. Длабински ја храни кожата и го враќа нејзиниот сјај. Лимонската киселина од портокалот ќе го изедначи тенот и ќе ги намали сите дамки на лицето, додека морската сол е одговорна за ексфолијација и отстранување на мртвите клетки кои го расипуваат изгледот.