
Некрунисаниот крал на салсата, Марк Ентони, и неговата 31-годишна сопруга Надија Фереира наводно повторно се во исчекување на принова. Додека светот зуи за новото бебе, ви ја претставуваме приказната за човекот кој изгради вистинска мала династија и ги бакна некои од најубавите жени во светот…
Порториканско-американскиот пејач, 57-годишниот Марк Ентони, има голема причина да биде среќен овие денови. Тој и неговата сопруга, прекрасната манекенка, 26-годишната Надија Фереира, објавија дека го очекуваат своето второ дете заедно, а среќната вест ја споделија на социјалните мрежи на посебен датум, точно на нивната трета годишнина од бракот.
Тие не можеа ни да замислат подобар подарок, а со ова соопштение потврдија дека нивната љубов цвета и покрај разликата во годините. Ова е особено емотивен момент за кралот на салсата бидејќи, верувале или не, наскоро ќе го држи своето осмо дете во раце!
Животниот пат на Марк беше сè освен здодевен. Неговата способност да ги освои срцата на некои од најпосакуваните жени на планетата стана легендарна, а секоја од овие големи љубови остави неизбришлива трага и наследник. Неговата „љубовна мапа“ е испишана со страсни врски, гламурозни свадби и пријателски разводи, создавајќи едно од најинтересните модерни семејства во Холивуд.
Сè започна долго пред рефлекторите и црвените теписи што ги знаеме денес. На почетокот на деведесеттите години, срцето на Марк ѝ припаѓаше на Деби Росадо, полицајка од Њујорк, која беше неговата прва голема љубов. Иако никогаш не се венчаа, нивната врска ги постави темелите за големото семејство на Марк.
Тие имаа ќерка, Аријана, која сега е возрасна жена и се држи на дистанца од медиумите, а Марк потоа го покажа своето големо срце со тоа што го посвои синот на Деби, Чејс, кого го сакаше и го одгледа како свое дете од првиот ден.
Како што растеше неговата слава, растеа и неговите музи. Марк го означи почетокот на новиот милениум со тоа што се ожени со една од најубавите жени во светот, Порториканката Мис Универзум Дајанара Торес. Нивниот брак, склучен во луксузниот Лас Вегас, беше полн со подеми и падови, достојни за сценарио за латино сапуница. Иако се разделија по четири години,од нивната љубов се родија синовите Кристијан и Рајан.
Сепак, моментот кога Марк Ентони стана неизбежна тема на секое списание во светот се случи во 2004 година. Само една недела по разводот од Дајанара, Марк го кажа судбоносното „да“ на својата долгогодишна пријателка и најголемата латино дива, Џенифер Лопез.
Тоа беа златните денови на шоубизнисот. Марк и Џеј Ло беа врвен пар на моќ, владеејќи на топ листите и црвените теписи, а нивната љубов беше крунисана во 2008 година со раѓањето на близнаците, Ема и Макс.
Иако нивниот брак заврши во 2011 година, Марк и Џенифер останаа пример за поранешни сопружници кои се почитуваат еден со друг, ги одгледуваат своите деца заедно и се едни на други најголеми поддржувачи.
По краткиот брак со моделот Шенон Де Лима, во кој немаше деца, се чинеше дека Марк малку ќе се смири. Но, љубовта повторно затропа на вратата во лицето на 31 година помладата од него Надија Фереира. Парагвајската убавица внесе нова енергија во животот на пејачот. Тие се венчаа на спектакуларна церемонија во Мајами, со Дејвид Бекам како кум, а во јуни минатата година добија син.
Сега, помалку од една година подоцна, пристигнува „бебе број 8“. Марк Ентони на тој начин докажува дека љубовта е неисцрпен ресурс, а неговата способност да ги собере сите свои деца и поранешни сопруги околу себе во хармонична, иако донекаде неконвенционална, заедница заслужува посебен аплауз.