
Извор за британските медиуми изјавил дека раперот Канје Вест веќе имал љубоморен излив поради новиот пар за кој сите зборуваат.
Не му требаше долго на поранешниот сопруг на Ким Кардашијан да даде изјава за нејзината нова врска со возачот на Ферари во Формула 1, Луис Хамилтон. Раперот Канје Вест ја обвини дека „флертувала“ со популарниот Британец пред неколку години, објавува „The Sun“.
EXCLUSIVE: Kim Kardashian and F1 racing star Lewis Hamilton were snapped on a romantic escapade in Paris! 🥰 https://t.co/eJgMzWK3qs
— TMZ (@TMZ) February 2, 2026
🎥: Backgrid pic.twitter.com/Sw1uModxIz
Риалити ѕвездата и претприемач го познава седумкратниот шампион во Ф1 многу години, а во последните недели беа објавени нивните меѓународни состаноци – тие беа видени во Лондон и Париз. Двајцата се познаваат повеќе од една деценија, а Хамилтон беше и долгогодишен пријател на Вест, кој беше во брак со Кардашијан од 2014 до 2021 година.
Извор им кажа на британските медиуми дека раперот веќе имал љубоморен излив поради новиот пар за кој сите зборуваат.„Беше толку непријатно бидејќи кога беа заедно, Канје секогаш имаше љубоморни испади и ја обвинуваше Ким дека флертува со Хамилтон. Тоа не беше вистина- секако но Канје секогаш беше толку непредвидлив што дури и ако Ким се спријателише со некого, тој ќе ја обвинеше за нешто“, рече изворот.

Кардашијан и Вест имаат четири деца заедно, а кога се разведоа пред пет години, како причина ги наведоа „непомирливите разлики“, и оттогаш започнаа јавни расправии меѓу двојката. Поточно, од страната на Канје.

Ким и Луис наводно се забавуваат со месеци, па дури биле видени и на новогодишната забава на актерката Кејт Хадсон заедно. „Ким и Луис имаат толку зафатен работен распоред што сакаат да поминуваат што е можно повеќе време заедно. Тие моментално се неразделни и ги прилагодуваат своите состаноци околу работните обврски на Ким“, рече изворот.