
Ќе ви треба:
100 г мелени семки од афион
5 рендани јаболка
1 чаша брашно
1 чаша гриз
1/2 чаша шеќер
1 чаша масло
За глазурата:
100 г чоколадо за готвење
100 мл растителна павлака
5 лажици џем по ваш избор
Подготовка:
Исчистете ги и изрендајте ги јаболката. Исцедете ги, додадете шеќер, масло, брашно, гриз, семки од афион и добро измешајте. Истурете во намастен плех и печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час. Кога ќе се олади, премачкајте го со џем. За глазурата, загрејте ја павлаката до вриење, тргнете ја од шпоретот, додадете го чоколадото и мешајте додека не се растопи. Прелијте ја оладената торта и оставете ја глазурата да се стегне.