
Веќе неколку сезони, дизајнерите преферираат модели во кои можеме да се чувствуваме многу удобно, а тоа ги прави задоволни голем број жени.
Моментално, апсолутен хит се фармерките со широки ногаавици, кои пристигнаа на модната сцена минатата есен.
Карактеристично за овој модел е што го нагласува струкот и обезбедува волумен околу колковите. Со мали промени и дополнувања, лесно можете да создадете опуштен или малку поелегантен изглед.
Ако планирате да купите фармерки, овој модел е најдобриот избор во моментов.
И познатите дами ја обожаваат оваа мода, а погледнете како ги носат во галеријата:




Како да ги стилизирате фармерките со широки ногавици
Поради волуменот што го даваат широките фармерки, важно е да изберете обувки што ќе ја издолжат ногата. Штиклите, чизмите до глужд или елегантните мокасини се најдобри. Избегнувајте гломазни патики или чевли за да не ја нарушите рамнотежата на овој крој.
Тенка кошула или џемпер со ролка и долги ракави може да го избалансира волуменот на фармерките, додека подолгиот капут дополнително ќе ја издолжи фигурата.
Во преодните сезони, широките фармерки изгледаат одлично со подолги капути или јакни.