
Познатата актерка Џенифер Анистон го прослави својот 57-ми роденден во интимна атмосфера, опкружена со нејзините најблиски пријатели, вклучувајќи го и нејзиниот нов партнер Џим Кертис. Тој сподели две нивни заеднички фотографии и ѝ испрати емотивна порака.
Нивната романса стана јавна минатиот ноември, кога актерката му посака среќен роденден на Инстаграм. Овој пат, хипнотерапевтот објави црно-бела фотографија на која тие споделуваат бакнеж, додека на друга се насмеани и опуштени за време на нивниот заеднички престој на брод.
— Среќен роденден на моето срце — напиша тој покрај објавата.
Обожавателите ги оставаат своите коментари без престан, воодушевени од слатката фотографија од бакнежот: „Колку сте слатки двајцата! Пресреќни сме за вас“, напиша едно лице, додека друго додаде: „Прекрасни фотографии, ти благодарам Џим, среќен роденден на нашиот драг Џем“, а трето коментираше: „Имате толку среќа што се пронајдовте еден со друг. Сите сме возбудени за вас!“.
Роденденската честитка на Кертис дојде две недели откако откри како започнала неговата романса со ѕвездата од „Пријатели“.
— Нè запознаа пријатели. Тоа е тоа. Сфативме дека имаме заеднички пријатели и едноставно почнавме да разговараме — изјави тој во емисијата „Today“.
— Помина долго време — додаде тој. Куртис не откри точно колку долго биле заедно, но рече: — Долго време. Со месеци, речиси една година.
Џенифер Анистон и Џим Куртис за прв пат беа видени заедно минатото лето на одмор во Шпанија, каде што беа во друштво на нејзините познати пријатели. Иако првично имаа само спорадични јавни појавувања и ги поттикнуваа гласините за романса, по некое време решија отворено да потврдат дека се во врска.