
Таа, исто така, повремено користела кристализиран мед како нежен пилинг.
Кога нејзината кожа почнала бурно да реагира на речиси секој козметички производ, блогерката Џози Санти решила да проба нешто многу едноставно – миење со обичен мед. По две недели експеримент, таа ги споделила резултатите на социјалните мрежи и изненадила многумина.
Проблемите започнале со чешање, печење и црвенило, прво на рацете, а потоа и на лицето. Бројните креми и препарати не помогнале – симптомите се смирувале за кратко време, а потоа повторно се враќале. Ситуацијата станала уште потешка кога нејзината кожа почнала да реагира дури и на благи препарати како што се витамин Ц и хијалуронска киселина.
По долго истражување, таа решила да проба природно решение што многу луѓе го препорачувале – мед. На почетокот била претпазлива, но по првите неколку дена забележала дека нема иритација, а кожата ѝ станала помирна и помалку сува. Медот, вели таа, лесно се исплакнува и не остава лепливо чувство кога се користи со вода.
До десеттиот ден, таа забележа дека сувите делови речиси исчезнале, а тенот ѝ станал порамномерен. Исто така, повремено користела кристализиран мед како нежен пилинг за носот и брадата, што дополнително ги отпушува порите.
На крајот од двонеделниот период, таа одлучила медот да го направи свој постојан избор за миење, а дополнително изненадување било тоа што иритацијата и егземата на рацете исто така се намалиле.