
Познатата руска убавица беше избрана за ко-водителка на третата вечер на Санремо, а на прес-конференцијата се појави во издание кое веќе е дел од модната историја на тоа познато музичко натпреварување.
Којзнае какви модни возбудувања нè очекуваат на самата сцена на Санремо, кога Ирина Шајк го сервираше овој изглед на прес-конференцијата пред вечерниот спектакл.
Познатата Русинка пристигна во театарот „Аристон“ во краток бел фустан со чипкани влошки, преку кој носеше бело монголско крзнено палто во истата нијанса. Изгледот е веќе предодреден да влезе во историјата на фестивалската мода и навестува дека ќе видиме некои навистина спектакуларни изданија на сцената на Санремо покрај Карло Конти и Лаура Паусини.
Чевлите го украдоа шоуто
Повеќе од само фустан со крзно, Шајк привлече внимание со својот избор на обувки. Тоа беше пар мули со зашилен врв и детали со врвки што потсетуваа на силуетата на викторијанските чизми.
Споменатиот модел, исто така со транспарентни детали како фустанот, пристигнува со потпис на модната куќа Живанши, а својата премиера ја имаше во колекцијата ready-to-wear за сезоната пролет/лето 2016.

Прво појавување на италијанска телевизија
Ова ќе биде прво појавување на Ирина Шајк на италијанска телевизија. Пат кој веќе се покажа како неодолив за многу топ модели пред неа. Зборуваме за имиња како Валерија Маца, Ева Херцигова, Летиција Каста, Виторија Черети, за да наброиме само неколку.

Тешко е да се предвидат модните избори на моделот за самиот Фестивал. Се споменува Џорџо Армани, бидејќи е поврзан со таа куќа преку долгогодишна соработка, но истото може да се каже и за Версаче и Долче и Габана. Не треба да се исклучи ниту Ерман Шервино, бидејќи Ирина Шајк е заштитно лице на пролетно/летната кампања на фирентинската модна куќа.
Додека чекаме да видиме што ќе облече за ова емотивно деби – со оглед на тоа што на конференцијата изјави дека „сака да стане дел од ДНК-та на оваа земја“ – супермоделот ни го послужи овој изглед како предјадење. Фустан во стил на долна облека, со прерамки што речиси лежерно се лизгаа по рамената и многу проѕирни детали.

Познатата Русинка уште еднаш докажа дека точно знае кога и колку да ги помести границите на добриот вкус .