
Не е тешко да се заљубите во женствениот и лежерно елегантен стил на Ники Хилтон Ротшилд, помладата сестра на екстравагантната Парис…
Секогаш брилијантно облечената, русокосата претприемачка и дизајнерка Ники Хилтон Ротшилд е една од оние модничари кои речиси никогаш не прават грешки кога станува збор за модни комбинации.

Додека многу ѕвезди избраа заводливи креации како што се мини фустани за есенската колекција на Барбери во Лондон, Ники понуди модерна интерпретација на класичниот пролетен стил.
Препознатливата бомбер јакна на „Барбери“, парче кое никогаш не излегува од мода, а нејзините обожаватели го избираат најчесто во преодниот период, таа ја носеше на свој начин: во комбинација со фармерки со ѕвонче и мини чанта, докажувајќи дека најелегантниот изглед не мора да биде и најочекуваниот.
Беспрекорен стил
Помладата сестра Парис Хилтон ја состави својата комбинација исклучиво од парчиња од Барбери и со леснотија што само малкумина можат да ја совладаат. Во комбинација со тренч мантил со препознатлива карирана подлога одвнатре, убавата русокоса носеше фармерки со шпиц во стилот на 70-тите, црни чизми до глужд со зашилен врв, тесен црн топ и очила за сонце за да му даде на изгледот драматична атмосфера. Косата ја стилизираше во нежни бранови, додека на усните носеше неутрален кармин.
Деталот што сè го заокружи беше неодоливата чанта од Барбери со кариран дезен и минијатурни димензии што ја носеше во рака.
Сопругата на познатиот финансиер Џејмс Ротшилд е веќе со години вклучена во светот на модата: од 2019 година соработува со „Френч Сол“ на колекции балетанки и мокасини, а со нејзината сестра Парис и мајка Кети ја доби наградата „Икона“ на престижните награди „Футвеар њуз аквитимент“ во 2021 година.