
Се чини дека дваесетгодишниците се преценети кога станува збор за игри во кревет.
Според ново истражување спроведено на 1.000 жени, се чини дека дваесетгодишниците се преценети кога станува збор за игри во кревет. Според „Метро“, магичниот број за фантастичен секс е – 33. Иако во просек жените стануваат мајки во триесеттите години и имаат тригодишно дете на колена до 33 години, се чини дека дури ни Лего коцките расфрлани по подот не можат да ги спречат да имаат феноменално физичко искуство.
Причината за ова е што тинејџерските години и дваесеттите години се исполнети со учење и експериментирање кога станува збор за врски, додека раните триесетти години се кога откриваме „што навистина правиме“.
Дополнително, 64 проценти од жените рекле дека триесеттите години не се само време на уживање, туку и на обновена самодоверба и љубов кон себе. Сè што им преостанува е да уживаат…