
Одлично е за појадок, ужина или како додаток на колачи и печива.
Иако е достапно за купување во скоро сите продавници, можете многу лесно да го направите дома само со една состојка.
Домашната верзија има природен вкус, без додадени адитиви и често е многу поевтина од купената верзија. Потребни се само неколку минути и блендер, а резултатот е густ, ароматичен намаз што може да се намачка на леб, тост или да се користи во разни десерти.
Состојки:
3 чаши печени несолени кикирики
прстофат сол, по желба и други зачини
Подготовка:
Чекор 1: Чистење
Исчистете ги печените кикирики од нивните тенки лушпи, доколку ги има, и ставете ги во блендер или процесор за храна.
Чекор 2: Блендирање
Блендирајте ги кикириките неколку минути. На почетокот, тие ќе се претворат во ронлива смеса, потоа ќе почнат да ослободуваат природни масла и постепено ќе се претворат во мазна, кремаста текстура.
Чекор 3: Посолување
Продолжете со блендирање додека не ја добиете посакуваната конзистенција на намазот. Целиот процес обично трае околу 10 минути. По желба, додадете прстофат сол и промешајте накратко.
Чекор 4: Складирање
Префрлете го готовиот путер од кикирики во чиста тегла со капак и чувајте го во фрижидер.