Серена Вилијамс се разголи и ги излуди момците! Сите гледаа само во еден детаљ на тесниот фустан

popara11 март, 20265min00
Серена Вилијамс

Серена Вилијамс ужива во времето надвор од теренот.

Една од најпознатите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс, ужива во времето надвор од теренот и ги воодушевува своите обожаватели со секоја нова објава. 44-годишната, која доби персонализирана кукла Барби од „Mattel“ во чест на Меѓународниот ден на жената, изгледаше сензационално во свилен фустан додека позираше на балкон со поглед на морето – и изгледаше исто како Барби.

Тесниот розов свилен фустан прекрасно ѝ паѓаше на телото, а русата коса и беше пуштена и брановидна.Реши грациозно да го носи фустанот со тенки прерамки без ништо под него, а тој ја украсуваше нејзината затегната фигура. Во согласност со нејзините модни избори, познатата тенисерка нанесе розов кармин на усните, а имаше и розова сенка за очи и руменило што се истакнуваа на нејзиниот беспрекорен тен.

„Мајка, основач, претприемач, готвачка за своите деца, сопруга и уште многу други…“, напиша таа покрај објавата, а коментарите веднаш почнаа да се слеваат. „Апсолутно зачудувачко“, „Прекрасно“, „Толку убава жена“, „Колку добро изгледаш со таа фризура“, „Ти си икона во сите области“, ѝ напишаа.

Полна со самодоверба, Вилијамс сè повеќе привлекува внимание со својот беспрекорен изглед. Претходно откри дека ослабела 15 килограми со помош на апчиња за слабеење и отворено зборуваше за својата трансформација.

„Никогаш не можев да ја достигнам тежината што требаше да ја имам, без разлика што правев, без разлика колку тренирав. Беше лудо затоа што никогаш во животот иако работев толку напорно, се хранев толку здраво,но никогаш не можев да ја постигнам целта. Никогаш не сум се одлучила за кратенки во кариерата и секогаш работев навистина напорно. Знам што е потребно за да бидам најдобра. Затоа беше многу фрустрирачки да ги правам сите исти работи, а никогаш да не можам да го променам тој број на вагата или начинот на кој изгледаше моето тело“, рече таа во интервју за „People“.

Една од најпознатите тенисерки во светот, исто така, нагласи дека никогаш не чувствувала притисок да одржува одреден изглед и дека лекот за слабеење го користела за да постигне поздрав живот, а не само за да изгледа послабо.