
Џорџина Родригез речиси и да не пропушта некој голем моден настан. Дали овие искуства вродија со плод и конечно се претстави во добар моден аутфит?
Џорџина Родригез, свршеницата на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, не пропушта важни модни настани. Таа се појави и на модната ревија на Валентино во Рим, каде што беше облечена од глава до пети во познатиот бренд.
Таа носеше кадифена црна тоалета од Валентино од овогодишната пролетна колекција со отворени рамена и должина до колена. Додаде црн модел на кожна чанта со потпис на истиот бренд, но токму нејзините чевли привлекоа најголемо внимание.

Парот чевли со отворен врв „Валентино“ кои чинат 1.100 долари добија многу мешани критики.
На прв поглед, чевлите се едноставни, црни со голема пета, но целосно ги откриваат прстите во предниот дел и го прават целиот аутфит да изгледа груб во споредба со елегантниот фустан. Дали станува збор за нов тренд или само за модел кој „ѝ го привлече вниманието на Џорџина“, останува да видиме.
