Никол Шерзингер ги воодушеви сите присутни пред студиото на ABC во Њујорк, вчера.
Овој сексапил од жена се најде тука не случајно, туку беше дел од утринското „ток шоу“ наречено „Во живо со Регис и Кели“.
А што се однесува до нејзиниот изглед, нема кој не го обожава припиениот до кожа фустан и соодветните чевли.
Иако косата ѝ беше малку досадна, шминката ѝ беше скоро без маана, ставајќи акцент на нејзините полни усни и на прекрасните очи.
Екстра си, Никол!