
За здрави и плодни пиперки, не ви е потребно скапо ѓубриво, природен додаток од вашата кујна може да направи чуда.
Младите растенија бараат внимание, а домашно приготвениот раствор за наводнување може значително да го подобри нивниот раст и принос. Оваа едноставна смеса поттикнува буен раст и ги зајакнува растенијата.
Рецептот е едноставен
Измешајте 1 лажица сув квасец, 1 лажица сода бикарбона и 1 литар топла вода. Оставете да отстои 2 часа, а потоа разредете со 10 литри вода. Користете го овој раствор повремено за наводнување.
Квасецот обезбедува хранливи материи како што се азот и фосфор, додека содата бикарбона ги штити растенијата од габи. Овој домашен додаток промовира побрз раст, здравје на растенијата и пообилен род на пиперки.