
Едноставно и совршено, само додадете ајвар или соин јогурт.
Состојки:
400 г интегрално брашно
150 г спелта или ‘ржано брашно
100 г брашно од хељда
2 лажици масло
500 – 600 мл вода
1 лажица семе од чиа
2 лажици мелени семе од лен
2 лажици семе по ваш избор (сусам, сончоглед, ким, семки од тиква…)
1 лажица сол
Дополнително:
1 лажица сода бикарбона
1 лажица сок од лимон
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во сад измешајте интегрално пченично брашно, спелта и брашно од хељда. Додадете сол, семе од чиа, семки по ваш избор, масло и 500 мл вода. Треба да биде „течно тесто“. Оставете го во фрижидер неколку часа, а потоа додадете сода бикарбона и сок од лимон. Префрлете го во плех обложен со хартија за печење. Посипете со сусам и печете во рерна загреана на 200 степени најмалку половина час, односно додека не се одвои од хартијата. Потоа извадете го од рерна. Извадете ја хартијата и оставете го да се олади. Исечете го лебот дури откако ќе се олади.