
Судбината ви носи пари и успех!
Може ли месецот на раѓање да влијае на финансискиот успех? Според кинеската астрологија, да. Иако не постои сигурен начин да се предвиди кој ќе биде богат, се верува дека позицијата во лунарниот календар може да има големо влијание врз судбината и парите.
Кинескиот лунарен календар се базира на фазите на месечината, а секој месец започнува со млада месечина и трае околу 29 дена. Според експертите за фенг шуи, луѓето родени во следните три месеци имаат најголема шанса да се збогатат и да напредуваат финансиски.
ОСМИ ЛУНАРЕН МЕСЕЦ (од крајот на август до крајот на септември)
Луѓето родени во овој период се сметаат за вистински бизнис генијалци. Тие имаат изострено чувство за можност и знаат како да ја искористат во вистинскиот момент. Тие се природни претприемачи – досетливи, интелигентни и способни да донесуваат брзи одлуки што водат до профит.
Во кинескиот хороскоп, овој период е поврзан со знакот на Козата (Овца), кој симболизира просперитет, среќа и удобен живот.
ДВАНАЕСЕТТИ МЕСЕЦ ЛУНАРЕН (од крајот на декември до крајот на јануари)
Иако може да изгледаат резервирани и тивки, луѓето родени во овој период се исклучително амбициозни кога станува збор за пари. Нивната сила лежи во нивната дисциплина и упорност. Овие лица имаат јасен план за финансиски успех и доследно го следат.
Тие често се поврзуваат со особините на Јарецот, знак познат по својата сериозност, напорна работа и желба за напредок. Токму оваа комбинација ги води кон стабилно богатство.
ПРВ МЕСЕЦ ЛУНАРЕН (од крајот на јануари до средината на февруари)
Луѓето родени на почетокот на лунарната година имаат силен пионерски дух. Тие не се плашат од предизвици и се подготвени да пробаат нови работи за да успеат. Овој период симболизира нов почеток, па затоа се верува дека животот им носи на овие лица многу можности за напредок и финансиски успех.
Нивната храброст и позитивен став честопати ги издвојуваат од толпата.
Дали месецот на раѓање навистина ја одредува судбината?
Кинеската астрологија дава интересни сознанија, но важно е да се има предвид дека секој има моќ да влијае на сопствениот успех, пишува порталот „Your Tango“. Дури и да не сте родени во овие месеци, трудот, работата и паметните одлуки можат да ве доведат до успех и пари.