
Оброк полн со јаглехидрати и протеини.
Состојки:
6-8 компири
4 тврдо варени јајца
100 г сирење
3 лажици масло
една лажичка сол
2 свежи јајца
200 мл павлака за готвење
Подготовка:
Исечете ги компирите на парчиња и печете ги пет минути. Ставете ја половината од полу приготвените компири на дното од намастен плех за печење, наредете ги јајцата исечени на прстени одозгора, зачинете и додадете ја половината од ренданото сирење. Ставете ја другата половина од компирите одозгора, па прелијте ги јајцата изматени со павлака за готвење. Посипете сè со преостанатото сирење. Печете на 200 степени околу 25 минути.