Џеј Џеј Ло во танга-трико: Пејачката покажа секси тело во шестата деценија, публиката беше во транс (ВИДЕО)

popara15 април, 20261min00
1346307_screenshot-1062_m

Џенифер Лопез (56) се појави полугола на сцената за време на нејзиниот деби настап на фестивалот Коачела.

Овогодинешниот фестивал Коачела ќе биде запаметен по деби настапот на Џенифер Лопез, која реши да му покаже на целиот свет дека сè уште изгледа совршено во своите 50-ти години.

Латино дивата се качи на сцената со Дејвид Гета за да го изведе својот најнов хит „Save Me Tonight“, но песната остана во втор план поради нејзиниот костум.

Џеј Ло се појави во провокативно танга трико кое едвај ги покриваше нејзините најинтимни делови, испраќајќи јасна порака до сите критичари кои ѝ велат дека е „премногу стара“ за таков имиџ.

  • Мислам дека за прв пат во мојот живот се чувствувам целосно слободна. Сингл сум и се чувствувам навистина добро – рече ѕвездата, јасно алудирајќи на минатогодишниот развод од Бен Афлек. Нејзините обожаватели се согласуваат дека пејачката изгледа извонредно, а нејзината среќна ера штотуку започнува.