
Актерот Еди Мерфи откри дека неодамна станал дедо.
На доделувањето на наградите на Американскиот филмски институт, Мерфи ја потврди среќната вест за Entertainment Tonight.
„Го добив моето прво внуче пред два месеци“, рече тој.
Заедно со веста за неговото прво внуче, Еди го потврди и раѓањето на неговата трета внука.
„Го добив моето трето внуче пред две недели. Значи, сето ова се случува. Како да ме обсипуваат благослови“, рече тој.
Кога го прашале дали споделил некоја родителска мудрост со своите деца, Мерфи рекол дека тоа е нешто за кое не давате совети.
„Не давате таков вид совети. Вашите деца не го слушаат вашиот совет, тие го следат примерот што го поставувате. Тие ве гледаат. Она што го кажувате, дури и не им е гајле. Тие гледаат и следат што правите. Затоа не давам многу совети“, рече тој.