
Сите знаеме дека е важно да ја менуваме долната облека секој ден, но можеби не сме свесни дека дури и кога ја переме, можеби не ги отстрануваме сите бактерии.
Експертите за хигиена предупредуваат дека многу луѓе не ја перат долната облека на доволно висока температура, што може да остави бактерии во ткаенината.
Тие советуваат да не се пере долната облека на температури под 60 степени, бидејќи пониските температури не ги убиваат сите бактерии.
Тие исто така препорачуваат да не се перат гаќичките со крпи за садови или други алишта, бидејќи тоа може да доведе до фекална контаминација.
Ако не можете да ја зголемите температурата на перење, препорачливо е да додадете средство за дезинфекција на алиштата за да се ослободите од бактериите и да ја одржите долната облека чиста.