
Американската актерка Шарлиз Терон ги привлече погледите на премиерата на филмот „Apex“ во Њујорк, каде што се појави во машко одело на Диор без ништо под него.
Терон е амбасадор на Диор две децении како заштитно лице на парфемот J’adore, а на премиерата носеше раскопчана црна јакна од зимската колекција на Диор за 2026 година без кошула или градник под неа.
Горниот дел го искомбинираше со панталони и контрастна бела плисирана јака со драматични врвки што паѓаа преку половината.
Комплетот го комплетираше со накит од Диор, а сè го заокружи со смел црвен кармин на усните. Актерката е амбасадор на брендот за накит и нега на кожа од 2024 година.
Што се однесува до филмот што го промовираше во Њујорк, тоа е акционен трилер за преживување, режиран од Балтазар Кормакур, а напишан од Џереми Робинс.
Во главните улоги се Шарлиз Терон, Тарон Еџертон и Ерик Бана. Филмот е за алпинистка во дивината која се наоѓа во лов додека се бори за опстанок.
Пред премиерата во Њујорк, таа разговараше со списанието People за тоа како комбинирала екстремни спортови за да се подготви за овој акционен трилер.
„Во овој случај, многу се качував. Се качував речиси секој ден, а кога стигнав во Австралија, многу се возев со кајак. Тоа е огромен тренинг. Само се обидував да станам што е можно посилна бидејќи ги искачувам сите тие планини во филмот“, рече таа.
Филмот „Apex“ ќе биде достапен на Netflix од 24 април.