popara24 април, 20262min00
1324695_shutterstock-1515603047_m

Зимските, интензивни парфеми полека се повлекуваат, а нивното место го заземаат полесни, посвежи и понежни композиции кои не се агресивни, но сепак оставаат впечаток.

Пролетта 2026 јасно наметнува тренд на едноставност, акцентот е ставен на парфеми кои природно се вклопуваат со кожата и делуваат ненаметливо, но оставаат препознатлив и долготраен белег, поради што често нè прашуваат кој парфем го користиме.

Меѓу мирисите што се издвојуваат оваа сезона, има три кои веќе станаа омилени на многумина.

Yves Saint Laurent – Libre

Овој парфем долго време се смета за еден од најпопуларните и сè уште држи високо место оваа пролет. Комбинацијата од лаванда, цвет од портокал и нежни тонови на мошус му дава совршена мешавина од свежина и сензуалност.

Наменет е за жени кои сакаат да бидат забележани, но на суптилен и елегантен начин, без да биде премногу тежок.

Lancôme – La Vie Est Belle

Мирисот кој со години симболизира женственост и елеганција сè уште не ја губи својата популарност.

Се базира на ноти на перуника, ванила и пралина, што му дава топла и малку слатка арома. Во текот на пролетта, неговите цветни ноти се особено изразени, оставајќи нежна, но многу препознатлива трага.

Versace – Bright Crystal

За оние кои сакаат лесни и освежителни мириси, овој парфем е безбеден избор.

Комбинацијата од божур, лотос и цитрусно јузу го прави чист, воздушест и идеален за секојдневна употреба во потоплите денови. Не оптоварува, туку носи чувство на свежина и леснотија.