
Можеби не сте знаеле дека околу 99 проценти од патничките авиони во светот се бели, освен логоата на компаниите на нив. Постојат причини за ова во авијациската индустрија.
Пукнатини, протекување на масло
Белата боја го олеснува забележувањето на пукнатини, протекување на масло и слични проблеми, па затоа оваа боја овозможува побрзо решавање на проблемите.
Топлина и светлина
Белата боја најдобро ја рефлектира топлината и светлината и е најдобра за спречување на прекумерно загревање на металот.
Бледнее најбавно
Белата боја бледнее најбавно, па затоа авионот се пребојува поретко за време на неговиот „ран животен век“.
Заштеда
Боењето авион е долга и напорна работа. Потребни се помеѓу два дена и две недели за целосно пребојување на целиот авион.
Не се исплати
Компаниите ретко купуваат авиони што не се бели, па затоа производството на авиони во други бои не е профитабилен бизнис.