
Познатата холивудска актерка Камерон Дијаз (54) и нејзиниот сопруг, музичарот Бенџи Маден, ја објавија добрата вест – нивното семејство стана побогато со уште еден член.
Бенџи ја сподели веста за раѓањето на својот син на Инстаграм, пишувајќи дека тој и Камерон се „среќни, возбудени и благословени“ со доаѓањето на нивното трето дете, момче по име Наутас Маден.
„Добредојде на светот, сине“, рече гордиот татко, додавајќи дека нивното семејство ужива во заедничкиот живот и дека децата се здрави и среќни.
Двојката, која е во брак од 2015 година, веќе има две деца – ќерката Радикс, родена во декември 2019 година, и синот Кардинал, роден во март 2024 година. И двајцата се родени со помош на сурогат мајка.
Иако не објави фотографија од новороденчето, Бенџи сподели илустрација од брод и значењето на името Наутас, кое се преведува како „морнар“, „навигатор“ или „патник“ – личност која тргнува на патување и не се плаши од непознатото.
Камерон ја изрази својата радост во коментарите под објавата со серија емотикони со ѕвезди и срца, дополнително потврдувајќи ја својата среќа поради дополнувањето на семејството.