Кремаст колач со јагоди во чаша: Не бара труд ниту време

popara12 мај, 20261min00
Кремаст колач со јагоди во чаша

Едноставен, но совршен десерт.

Ќе ви требаат:

300 г јагоди
250 мл павлака
150 г крем сирење
150 г мелени бисквити
нане за декорација
1 лажица мед
Подготовка:

Исечкајте ги исчистените и измиените јагоди на поголеми парчиња. Изматете ја добро изладената павлака додека не стане цврста, додадете го крем сирењето и медот и повторно матете кратко за да се соединат состојките. Подгответе чаши или чинии и ставете една и пол лажица мелени бисквити на дното од секоја, потоа една и пол лажица од смесата од крем сирење и павлака, па наредете ги сечканите јагоди. Врз јагодите ставете уште смеса од крем сирење и павлака, па повторно наредете ги јагодите и декорирајте со нане. Ставете го десертот во фрижидер и оставете го најмалку еден час.