Која е Викторија Сваровски, водителка на Евровизиja? Таа е наследничка на семејство кое поседува луксузен бренд за кристали

popara13 мај, 20261min00
b_260513062 (1)

Викторија Сваровски е австриска телевизиска водителка, пејачка, модел и претприемач, а во пошироката јавност е позната и како наследничка на познатото семејство Сваровски, сопственици на луксузниот бренд кристали.

Оваа година, заедно со Михаел Островски, таа е домаќин на 70-тото издание на Евровизискиот натпревар за песна 2026 во Виена.

Таа е родена во 1993 година во Инсбрук, Австрија. Иако потекнува од многу богато и познато семејство, таа рано го започнала својот пат во шоу-бизнисот. На само 16 години, таа потпишала договор со Sony Music и ја започнала својата музичка кариера, а подоцна работела во Лос Анџелес со познати авторки како што е Дајан Ворен.

Викторија Сваровски потекнува од едно од најпознатите семејства во Австрија – семејството Сваровски, кое ја контролира луксузната кристална империја Сваровски повеќе од 130 години.

Викторија е директна наследничка на семејството, а нејзиниот татко Пол Сваровски работел во семејната компанија, додека нејзината мајка Александра била новинарка.

Таа стекна голема популарност откако победи во германското шоу „Let’s Dance“ во 2016 година. После тоа, таа стана постојана водителка на шоуто и една од најпознатите ТВ личности во германското говорно подрачје.

Покрај телевизијата, таа се занимава со мода и козметика и има свој бренд за убавина и мода ORIMEI. Медиумите често ја опишуваат како комбинација од гламур, мода и телевизиска забава, па ORF ја избра за водителка на Евросонг во Виена токму поради тој имиџ.

Интересно е што нејзиниот избор за Евросонг предизвика многу коментари кај фановите, дел од публиката смета дека е одличен гламурозен избор за голем спектакл, додека други сметаат дека познатото презиме многу ѝ помогнало во кариерата.