
Не е невообичаено вашата торбичка за шминка да падне на подот, или вашата сенка за очи да се скрши на некој друг начин. Секоја жена се соочува со ова секој ден. И што правите потоа?
Да ја фрлите сенката за очи затоа што се скршила на мали парчиња, а ви е омилена? Секако дека нема да го направите тоа. Треба да ја згмечите сенката за очи повеќе, за да изгледа како пудра или прашок, и да ја вратите во оригиналната кутија. Земете медицински алкохол и капнувајте неколку капки во средината на сенката.
Алкохолот ќе го поврзе прашокот, и кога малку ќе се исуши, или кога алкохолот ќе испари, повторно ќе ја имате вашата омилена сенка. Можете да го направите истото со камена пудра, но ќе почекате малку подолго алкохолот да испари, бидејќи површината е поголема. Овој трик е докажан и многу ефикасен, можете сами да се уверите.