
Често не можеме да го избегнеме стресот, но можеме да се потрудиме да го намалиме неговото негативно влијание врз нашите тела.
Не е ни чудо што сите зборуваат за коктелот од кортизол, пијалок кој помага во намалувањето на нивото на хормонот на стрес во телото.
Името не звучи многу привлечно, но е создадено со добра причина бидејќи овој вирален пијалок може, велат, да го намали нивото на кортизол, хормонот на стрес, во телото.
Колку е тоа вистина? Кортизолот е неопходен за преживување, но неговите вредности не треба постојано да се зголемуваат бидејќи во спротивно сме во состојба на хроничен стрес. А коктелот од кортизол не само што ги намалува нивоата на кортизол, туку и ја враќа енергијата, го ублажува стресот и помага во балансирањето на хормоните.
Секоја од состојките во коктелот од кортизол има свои придобивки, а кога се комбинираат, тие се уште помоќни, па затоа овој пијалок стана вирален. Цитрусните овошја обезбедуваат витамини, натриум, калиум и шеќери кои го „креваат“ телото, а кокосовата вода хидрира и му дава на антистрес коктелот пријатен вкус.
Коктелот против стрес не бара никакви посебни состојки, можеме сами да го направиме, па еве го рецептот!
Рецепт за „коктел од кортизол“
200 мл кокосова вода
сок од ½ лимон
50 мл сок од портокал
1 лажичка магнезиум во прав
¼ лажичка ситна сол
минерална (газирана) вода по желба
Измешајте ги сите состојки, додадете газирана вода по вкус и послужете ладно.