
Аргентинскиот новинар Марсело Бенедето ги насмеа социјалните мрежи откако на интернет почна да кружи видео на кое тој излегува од пренос во живо за да се фотографира со Шакира.
Имено, Бенедето, кој работи за телевизискиот канал Dsports, се јавил од стадионот Ацтека пред церемонијата на отворањето, и додека разговарал со своите колеги во студиото, Шакира се појавила зад него.
Иако таа била далеку од местото каде што тој се јавувал, тој ги прашал колегите дали може да направи нешто за секунда и го оставил микрофонот.
Потоа камерата се фокусирала на пејачката, која изгледала како да се враќала од проба. Бенедето ѝ се приближил, а Колумбијката лесно позирала за фотографија со него.
На враќање, морал да почека друг колега да го заврши преносот во живо за да може да помине.
Видеото од овој необичен момент за време на преносот во живо го освои интернетот, а на Твитер (X.com) има неколку милиони прегледи.
Аргентинскиот новинар ги освоил симпатиите на корисниците кои, коментирајќи го неговиот потег, напишале: „Сите ние сме Марсело Бенедето“.
Набргу по објавувањето на видеото, на интернет се појавија фотографии од 2018 година, кога Бенедето успеа да се фотографира со Дуа Липа.