
Објавата предизвика илјадници коментари, а многумина ја искористија можноста да ги тагнат своите најдобри пријатели и да споделат лични приказни.
Холивуд е полн со пријателства кои траат колку снимањето на еден филм, но има и такви кои траат со децении. Токму таков однос имаат актерките Дру Баримор и Камерон Дијаз, кои покажаа дека се поддршка една на друга уште од тинејџерските години.
Дру Баримор (51) ги трогна своите следбеници на Инстаграм со емотивна објава посветена на нејзината долгогодишна пријателка Камерон Дијаз (53). Со неколку фотографии од нејзината приватна архива, таа откри колку многу ѝ значи познатата актерка и колку нивното пријателство опстојува и покрај сите животни подеми и падови.
На првата фотографија пишува: „Камерон и јас сме најдобри пријателки уште од тинејџерските години“. Втората ги прикажува како се прегрнуваат и велат: „Таа беше тука за мене во добро и во лошо“. Третата фотографија ја носи можеби најемотивната порака од сите: „Таа е мојата причина“.

Многумина ги паметат како неразделниот дуо од филмот „Чарлиевите ангели“, но нивното пријателство започна многу порано. Дру еднаш рече дека се запознале кога таа имала 14 години работејќи во кафуле, додека Камерон, тогаш 16-годишна, градела кариера како модел. Во еден момент, тие дури и живееле заедно.
Заедно со фотографиите, Дру испратила трогателна порака:
„Кој беше тука за тебе кога беше во најлоша состојба? Ајде да им покажеме на луѓето колку ни значат. Еј, Камерон Дијаз, те сакам!“
Објавата предизвика илјадници коментари, а многумина ја искористија можноста да ги тагнат своите најдобри пријатели и да споделат лични приказни.
Бурно детство и борба со пороците
Зад насмевката на Дру Баримор се крие многу тежок животен пат. Таа пораснала во едно од најпознатите актерски семејства во Холивуд, а својата прва филмска улога ја добила на петгодишна возраст. Глобална слава стекнала на седумгодишна возраст, во култниот филм „Е.Т.“.
Сепак, прераната слава ѝ донела и големи проблеми. Со години, актерката отворено зборувала за пробувањето алкохол како дете, додека почнала да користи дрога на 12-годишна возраст. По еден бурен период, успеала да ја надмине зависноста, да се врати на глумата и да изгради успешна кариера, а денес е најпосветена на своето шоу „Шоуто на Дру Баримор“.
Камерон шокирала со својата исповед: „Живеам како ѕвер“
За разлика од Дру, Камерон Дијаз речиси целосно се повлече од Холивуд во 2014 година. Таа одбила филмски ангажмани вредни околу 100 милиони долари за да се посвети на своето семејство. Во последните години, таа често отворено зборувала за тоа колку нејзините приоритети се промениле.
„Веќе дури и не размислувам за тоа како изгледам. Тоа е последното нешто што ми е на ум. Живеам како ѕвер, речиси никогаш не се бањам. Имам еден куп козметика што само собира прашина. Можеби двапати месечно нанесувам малку крем и си мислам: „Претпоставувам дека ова е доволно“. Немам време ни енергија да се занимавам со мојот изглед во моментов“, искрено призна актерката.
Нејзиното признание во тоа време предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, но Камерон тврдеше дека нејзиното семејство денес ѝ е поважно од гламурот, црвените теписи и холивудските стандарди за убавина.