
Без разлика дали преферирате минималистички или впечатлив стил, ретро очилата за сонце лесно се вклопуваат во речиси секоја облека.
Ретро естетиката продолжува да биде актуелна тема ова лето, а очилата за сонце се најдобар доказ дека класиката никогаш не излегува од мода.
Кулични модели инспирирани од минатите децении се враќаат во модерен стил, со освежени линии, интересни детали и современи пропорции што ги прават лесни за комбинирање.
Од елегантни метални рамки до впечатливи мачкести силуети, ова се моделите што ќе доминираат во текот на потоплите месеци.
Тенки метални рамки
Минималистичките метални рамки продолжуваат да бидат еден од најбараните избори.
Инспирирани од стилот на деведесеттите, тие лесно се вклопуваат во деловни, лежерни и вечерни комбинации, поради што ги гледаме подеднакво често на модните писти и градските улици.
Очила со леќи во боја
Полупроѕирните леќи во живописни нијанси се уште се меѓу водечките трендови.
Зелената, сината, портокаловата, жолтата или розовата боја внесуваат доза на разиграност во секој стил, а воедно го одржуваат ретро шармот кој е повторно во фокусот.

Скулптурални и необични рамки
Љубителите на впечатливи модни детали доаѓаат до израз оваа сезона.
Преголемите и геометриски обликувани рамки со необични линии привлекуваат внимание и лесно стануваат главен акцент на секоја облека.

Очила во форма на мачкини очи
Еден од безвременските модели повторно е меѓу најпопуларните.
Рамките во форма на мачкини очи, инспирирани од модата на шеесеттите години, овој пат доаѓаат во помодерно руво, со потенки метални детали, поостри линии и малку футуристички изглед што им дава сосема нова димензија.