
Пенелопе Круз ги изненади сите со својата исповед.
Познатата шпанска актерка Пенелопе Круз ги изненади своите колеги за време на промоцијата на нејзиниот нов филм „The Invite“ кога откри што прави во слободното време. Иако многумина би очекувале да ги поминува деновите читајќи сценарија или гледајќи филмови, актерката призна дека има необично хоби повеќе од една деценија.
За време на разговорот со своите колеги Оливија Вајлд и Сет Роген, Пенелопе Круз откри дека веќе 12 години, речиси секоја вечер, по неколку часа учи медицински книги, особено оние што се занимаваат со ендокриниот систем и функционирањето на човечкото тело.
Сè започна во детството
Актерката вели дека нејзината фасцинација со медицината трае уште од детството. Како мало девојче, често играла болница и ги „лекувала“ своите кукли користејќи стари игли за инсулин што ги добила од нејзината баба.
Со текот на времето, оваа љубопитност прераснала во сериозно хоби. „Учам медицина секоја вечер веќе 12 години. Книги од неколку стотици страници за ендокриниот систем ме прават неверојатно среќна“, рече актерката.
Кога Оливија Вајлд ја прашала дали студира за докторка, Пенелопе се насмевнала и рекла дека тоа е само хоби што го прави пет до шест ноќи неделно.
Колегите останале без зборови
Нејзиното признание ги изненадило присутните, а Сет Роген се пошегува нарекувајќи ја „доктор аматер“.
Разговорот потоа тргнал во поинаква насока, при што другите актери ги откриле своите необични хобија. Роген признал дека изработува керамика во слободно време, додека Оливија Вајлд рекла дека собира фигурини и поседува минијатурна верзија на сетот од култната серија „Seinfeld“.
Пенелопе, Оливија Вајлд и Сет Роген глумат заедно во комедијата „The Invite“, американска адаптација на шпанскиот филм од 2020 година „The People Upstairs“.