
Легендарната британска пејачка Бони Тајлер почина на 75-годишна возраст во болница во Португалија, се вели во соопштението на нејзината официјална веб-страница.
Веста за нејзината смрт беше објавена како најнова вест, а беше објавено дека уметницата починала претходната ноќ додека била на лекување.
Во соопштението се вели дека таа починала од болест поради која била хоспитализирана, додека дополнителни детали засега не се објавени.
„Семејството и тимот на Бони со скршено срце објавуваат дека Бони почина неочекувано синоќа во болница во Португалија, како резултат на болеста поради која се лекувала. Наскоро ќе објавиме дополнително соопштение, но засега ве молиме за приватност додека се справуваме со оваа трагедија“, се вели во соопштението на нејзиниот тим.
Бони Тајлер беше најпозната по песните „Total Eclipse of the Heart“, „Holding Out for a Hero“ и „It’s a Heartache“, кои ја направија еден од најпрепознатливите гласови во светот на поп и рок музиката, а таа го претставуваше и Обединетото Кралство на Евровизија во 2013 година.
Во мај, Тајлер доживеа срцев удар по итна апендектомија, за која беше потребна реанимација. Во тоа време, таа беше во индуцирана кома на одделот за интензивна нега во болница во Фаро, каде што лекарите се обидуваа да контролираат сериозна инфекција предизвикана од перфорирано црево.
Таа се чувствувала лошо околу еден месец пред да биде хоспитализирана и била прикована за кревет два дена во својот дом во Алгарве пред нејзиниот сопруг Роберт Саливан да ја однесе во приватна болница.
По прегледот, таа била префрлена во Фаро на итно лекување. Се разбудила од кома средината на јуни, но сè уште била сериозно болна.