
Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали.
За оваа пригода, таа носеше костим дизајниран од креативниот директор на брендот, Фаусто Пуглиси. Костимот е направен од 200.000 кристали Сваровски, како и принт инспириран од зајдисонцето и детали чие изработка траеше повеќе од две недели.
Костимот е дизајниран да свети под светлата на стадионот и да ѝ го олесни движењето на Шакира за време на препознатливата кореографија додека ги тресе колковите.

Костимот е направен и со здолниште во истите бои со реси. Целата креација е инспирирана од мотивот „Златни зраци“ од Роберто Кавали.
Шакира беше придружувана од уште 34 танчери, кои носеа координирани костими. Заедно со нејзината препознатлива распуштена коса, која го комплетираше модното издание, Шакира избра и едноставна шминка.
Таа повторно ја воодушеви публиката со својот енергичен настап и кореографија.