Како ќерката на Мајкл Џексон си го уништи носот? Потребна ѝ е операција, но одбива

popara20 јули, 20261min00
13301925

Парис Џексон отворено проговори за својата борба со зависноста и за одлуката да одбие операција на носот.

Парис Џексон, пејачка, актерка и ќерка на покојниот Мајкл Џексон, отворено проговори за својата борба со зависноста и причините зошто одлучила да не се оперира за искривениот нос.

28-годишната уметница неодамна прослави шест години трезвеност, а во видео обраќање откри дека музиката ѝ била најголема поддршка во најтешките периоди од нејзиниот живот. Како што вели самата, создавањето песни ѝ помогнало да најде смисла дури и пред да одлучи да се откаже од алкохолот и дрогата.

Парис рече дека има перфориран нос, оштетување кое е резултат на нејзиниот минат живот и злоупотреба на супстанции. Сепак, таа моментално одбива операција бидејќи се плаши дека лековите против болки што се користат за време на закрепнувањето би можеле да го зголемат ризикот од рецидив.

Во интервјуто, таа призна дека долго време ја потиснувала желбата професионално да се занимава со музика, иако свирела гитара како тинејџерка. Денес, таа смета дека музиката е нејзина најважна поддршка и составен дел од нејзиниот живот.

Зборувајќи за својата зависност, Парис рече дека станува личност каква што не сакала да биде. Таа рече дека под дејство на алкохол и дрога, ја изгубила контролата врз своето однесување и отстапила од вредностите со кои пораснала.

Таа, исто така, откри дека нејзините борби започнале долго пред првпат да посегне по алкохол или дрога. Како дете, се борела со самоповредување, зависност од храна и длабоко внатрешно незадоволство.

Таа неколку пати била на лекување, а пресвртницата се случила во 2019 година, кога решила сериозно да го започне процесот на закрепнување. Денес, таа нагласува дека одржувањето на трезвеноста е нејзин апсолутен приоритет, поради што внимателно ги донесува сите одлуки што би можеле да влијаат на нејзиното здравје.