Опра Винфри го откри своето вистинско име: Еве зошто го променила

popara24 јули, 20261min00
b_260724021

Американската водителка Опра Винфри откри дека нејзиното вистинско име е Орпа. За време на гостувањето во емисијата на актерката Кеке Палмер, таа зборуваше за тоа зошто го променила.

„Беше Орпа од Библијата. Книгата за Рут, прво поглавје, цитат 14. Тоа е приказната за Рут и Наоми. И знаете, Рут рекла: „Каде што одиш ти, ќе одам и јас.“ Потоа Орпа рекла: „Се враќам. Жал ми е. Не можам. Премногу е долго. Патувањето е предолго“, рече таа за време на гостувањето во подкастот „Baby, This is Keke Palmer“.

Палмер ја праша зошто чувствува потреба да го промени своето име во Опра, на што таа одговори дека „Бев дете“.

„Никој не знаеше како да го напише. Се испостави дека во мојот извод од матичната книга на родените пишува Орпа, а потоа луѓето почнаа да ме викаат Опра“, рече таа.

Таа понатаму изјавила дека имала приближно 20 години кога конечно дознала дека името на нејзиниот извод од матичната книга на родените е различно од името со кое ја викале нејзините пријатели и семејство.