Дали имате висок крвен притисок? Доктор открива кој чај може да ви помогне да го намалите.

popara17 август, 20261min00
Чаеви за намалување на висок крвен притисок

Постојат билни чаеви кои го намалуваат стресот и делуваат смирувачки, а можат да помогнат и природно да го намалат високиот крвен притисок. Д-р Ралф Валдо откри два чаеви кои се одлични за ова.

Чај од ѓумбир

Чајот од ѓумбир и куркума содржи антиинфламаторни состојки кои можат да помогнат во намалувањето на крвниот притисок. „Овие состојки во ѓумбирот и куркумата, кога се комбинираат, ја подобруваат циркулацијата, помагајќи крвта да тече послободно низ телото. Ѓумбирот и куркумата делуваат и како природни лекови против анксиозност“, заклучи докторот.

Зелен чај

Зелениот чај е познат по тоа што содржи катехини, моќни антиоксиданси кои ја подобруваат циркулацијата на крвта и придонесуваат за здравјето на срцето. Тие исто така содржат Л-теанин, кој е познат по своите смирувачки својства. „Зелениот чај содржи теанин, кој помага во намалувањето на крвниот притисок и има антианксиозни својства“, вели докторот за She Finds.

Забелешка: Пред да консумирате чаеви, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.