
Селена и Бени уживаат во Венеција.
Пејачката Селена Гомез и нејзиниот сопруг Бени Бланко уживаат во романтичен одмор во Венеција, а фотографите ги фатија како се прегрнуваат и бакнуваат додека возат низ каналите на еден од најромантичните градови во светот.
Вљубениот пар не ја криеше својата блискост. Додека уживаа во возењето, разменуваа нежности, изгледаа опуштено и заљубено, уживајќи во заедничкото време далеку од секојдневните обврски.

Тие пристигнаа во Венеција неколку дена пред почетокот на 83-от Филмски фестивал во Венеција. Селена претходно престојуваше во Велика Британија, каде што ја снима новата сезона од популарната серија „Само убиства во зградата“, и одлучи да ја искористи паузата помеѓу снимањата за да патува во Италија со својот сопруг.
Бени Бланко е познат музички продуцент, а двајцата често привлекуваат внимание од јавноста во последните месеци со својата врска. Додека некои тврдат дека нивниот брак е само фарса, тие им покажуваат на сите во овој романтичен град колку се блиски.