
Според нова студија на Американското здружение на диететичари, минералната вода е алтернатива на газираните пијалоци кои се штетни за вашите заби.
Имено, газираните пијалоци ја оштетуваат забната глеѓ и ја менуваат pH вредноста во устата. Иако минералната вода привремено ја намалува pH вредноста, ефектот е многу помалку изразен отколку со газираните пијалоци.
„Многу луѓе се префрлаат од газирани пијалоци на минерална вода, а незасладената минерална вода може да биде помалку ризична алтернатива на газираните пијалоци, кога се консумира умерено и со добри практики за орална хигиена“, вели нутриционистката Ваџиха Зулфикар.
Умереното консумирање на газирани пијалоци не доведува до долгорочни здравствени проблеми, но незасладената минерална вода е многу поздрава алтернатива.
„Резултатите од студијата сугерираат дека замената на газираните пијалоци засладени со шеќер со минерална вода може да помогне во намалувањето на ризикот од оштетување на глеѓта“, велат експертите.