
Причината за смртта на Тим Кари е откриена нешто повеќе од една недела откако саканиот актер почина на 25 август на 80-годишна возраст.
Според документите од Одделот за јавно здравје на округот Лос Анџелес, актерот познат по својата иконска улога во „Роки Хорор Филм Шоу“ починал од коронарна артериска болест.
Со години се борел со сериозни здравствени проблеми
Во документацијата се наведува дека претходен мозочен удар и рак на бубрезите се исто така евидентирани како фактори што придонеле за неговата смрт. Сепак, во извештајот јасно е наведено дека овие здравствени проблеми не се поврзани со коронарна артериска болест.
Кари се соочувал со сериозни здравствени проблеми со години. Неговиот живот значително се променил откако доживеал тежок мозочен удар во 2012 година, поради што не можел да оди.
И покрај последиците од мозочниот удар, актерот продолжи да работи, главно како гласовен актер, додека последните години од својот живот ги помина во инвалидска количка.