
Популарното туристичко списание „Тајм аут“, во партнерство со „Интрепид травел“, состави листа на најдобри градови за ноќен живот.
Во анкетата беа замолени повеќе од 24.000 локални жители од целиот свет да ја оценат ноќната сцена во нивниот град, од коктел барови и чувство на заедница до прифатливи цени и уличен живот.
Сите тие податоци, заедно со оценките од експертите за ноќен живот на „Тајм аут“, беа комбинирани за да се рангираат светските престолнини на ноќниот живот.
Како дел од големото истражување, локалните жители беа прашани и кои активности во нивниот град се најдобри за ноќно излегување. Опциите вклучуваа сè, од рејв забави до доцноноќни барови и опуштени пабови.
„Но, кои градови сè уште гордо ги претставуваат добрите, старомодни ноќни клубови? Ние го имаме одговорот. Од сите 150 анкетирани градови, овие 20 дестинации добија највисоки оценки за клубско живеење“, соопшти „Тајм аутот“.
Бугарската престолнина е прогласена за најдобар град во светот за клубско живеење, според анкета.
Софија е на врвот на листата, со 72 проценти од анкетираните локални жители кои велат дека клубското живеење е она што нивниот град го прави најдобро по стемнување.
Меделин и Лима го делат второто и третото место со 71 процент, додека Мајами е веднаш зад нив со 70 проценти.
Останатите од првите 10 се движат од Панама Сити и Ливерпул до Богота, Гвадалахара, Њукасл и Лас Вегас, што покажува дека денешните престолнини на клубското живеење далеку ги надминуваат вообичаените големи градови како Берлин, кој често се сметаше за еден од најдобрите градови за клубско живеење.
20-те најдобри градови во светот за клубско играње
Според локалното население:
Софија, Бугарија
Меделин, Колумбија
Лима, Перу
Мајами, САД
Панама Сити, Панама
Ливерпул, Велика Британија
Богота, Колумбија
Гвадалахара, Мексико
Њукасл, Велика Британија
Лас Вегас, САД
Најроби, Кенија
Букурешт, Романија
Јоханесбург, Јужна Африка
Мадрид, Шпанија
Мексико Сити, Мексико
Брајтон, Велика Британија
Акра, Гана
Сао Паоло, Бразил
Кардиф, Велика Британија
Манчестер, Велика Британија
Интересно е што „Тајм аут“ неодамна објави листа на најдобри градови за ноќен живот, при што Бангкок го освои првото место, додека Берлин и Њујорк се најдоа на второто и третото место.