
Ако за време на чистењето сте забележале ситни мушички во вашата туш-кабина, експертите за одржување на домот велат дека чувството е уште понепријатно кога ќе сфатите дека тие веројатно дошле низ одводот.
Сепак, постојат неколку едноставни превентивни мерки што можете да ги преземете. Според експертите, најдобриот начин да се спречи појавата на овие инсекти е редовно да го користите тушот.
„Тоа го одржува сифонот (во форма на буквата P или U) полн со вода, со што се спречува инсектите да поминат низ одводната цевка и да влезат во туш-кабината“, објаснуваат тие.
Сепак, ако редовно се туширате, а сепак не можете да се ослободите од мушичките, решението не е толку тешко достапно како што може да изгледа.
„Мушичките од одводот се вистинска мака бидејќи луѓето се обидуваат со сè и сешто за да го решат проблемот. Сепак, овие мушички речиси секогаш доаѓаат до оштетените делови на цевката или се гнездат во дебелиот слој на биофилм“, истакнуваат тие.
Експертите велат дека е важно да се фокусирате на отстранување на биофилмот што се наталожил во одводот. Користењето ензимско средство за чистење одводи и четка за одвод е корисно, иако тоа не е брз процес, пренесува „The Spruce“.
„Може да бидат потребни недели и повеќекратни третмани за да се намалат големите наслаги на биофилм. Исто така, добра идеја е да повикате професионален водоводџија за да ги прегледа одводот, сифонот, приклучоците и другите цевки и да ги идентификува местата преку кои влегуваат инсектите“, советуваат тие.
Одводите во туш-кабините не се единствените што привлекуваат инсекти. Секој одвод во домот може да претставува проблем, особено оние што ретко се користат. „Редовно пуштајте вода и одржувајте го одводот чист. Ако инсектите се веќе присутни, тоа значи дека некаде во водоводниот систем има пукнатина или отвор што треба да се пронајде и поправи“, велат тие.